МНОГУ СУМ БОЛЕН, ВЕЌЕ НЕМАМ ЖЕЛБА ДА ПРАВАМ МУЗИКА, КАЖА ФИЛ КОЛИНС

Лондон, (Вараети)

Одамна е познато дека Фил Колинс веќе никогаш нема да свири тапани, а на последната турнеја на „Џенезис“ пееше седечки, додека на тапани го менуваше син му. Во новото интервју за списанието „Моџо“ Колинс кажа дека нема да се врати во студио за снимање во кое било својство поради физичките ограничувања, што му ја одзеле желбата за создавање нова музика.

Помислував да се симнам по скали до студиото и да видам што ќе се случи. Но, веќе ја немам таа страст. Работата е што сум многу, навистина многу болен“, призна Колинс.

Неговите здравствени проблеми почнаа во 2007, кога го повреди рбетот, што му предизвикало сериозно оштетување на нерви. По операцијата на грбот му се појавиле проблеми со стапалата, што му го отежнува одењето. Во 2017 ја повредил и главата, по што неговиот син Ник го замени на тапани на последната турнеја на „Џенезис“ во 2022. Последниот концерт го имаа во „О2 арената“ во Лондон, кога Колинс се прости од фановите.

Колинс го објави својот последен албум во 2010, што беше колекција на обработки, а последниот албум со оригинална музика го сними во 2002.

(Фото: Гети)