ПРВОТО КАФЕ Е НАЈЗДРАВО ДА СЕ ПИЕ ЕДЕН ИПОЛ ЧАС ОТКАКО ЌЕ СЕ РАЗБУДИМЕ, ВЕЛАТ БРИТАНСКИТЕ НАУЧНИЦИ

Лондон, (Мирор)

За многумина утринското кафе не е само навика, тоа дава енергија да се започне денот. Но, пиењето кафе не е само начин да се разбудиме, а според научниците, постои вистинско време кога треба да се пие кафе.

Времето на пиење кафе може да влијае на тоа колку сме внимателни и фокусирани наутро. Клучниот момент е приближно 90 минути откако телото ќе доживее природен наплив на кортизол, хормонот што нѐ буди.

Кортизолот, хормонот кој ни помага да се чувствуваме будни и енергични, го достигнува својот врв околу половина час по будењето. Затоа, ако пиеме кафе само откако нивото на кортизол ќе почне да опаѓа, можеме подолго да го одржуваме чувството на будност, наместо да го стимулираме прерано.

Но, не е важно само кога ќе го испиеме првото кафе. Важен е и моментот кога ја земаме последната шолја кофеин во текот на денот.

Нутриционистката Либи Галвин вели: „Последното кафе испијте го пред ручек. Пет часа откако ќе внесете кофеин, половина од него е уште е присутен во вашето тело, а не се исфрла целосно ниту по девет до десет часа од првата голтка“.

Се чини дека нашето омилено утринско кафе навистина може да има моќ да го продолжи животот. Една неодамнешна студија, објавена во списанието „Aging Research Reviews“, анализираше повеќе од 50 студии и откри дека од кафето може да се живее и до 2 години подолго.

Но, тоа не значи дека треба неконтролирано да пиеме кафе. Иако има многу позитивни ефекти, кај некои луѓе прекумерното пиење може да предизвика немир и тахикардија.

 

Фото: СДК.МК