ПИВАРА СКОПЈЕ ГО ПРОШИРИ СВОЕТО ПОРТФОЛИО СО ИТАЛИЈАНСКИОТ БРЕНД КАФЕ ВЕРЊАНО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Пивара Скопје го прошири своето богато портфолио со уште една премиум категорија – автентичното италијанско кафе Caffè Vergnano (Кафе Верњано). Со оваа стратешка одлука, Пивара Скопје за првпат влегува во категоријата кафе производи.

Со повеќе од 140 години традиција и присуство во над 90 земји, Кафе Верњано претставува симбол на италијанското кафе наследство и супериорен квалитет.

„Нашата нова соработка со Кафе Верњано претставува значаен исчекор за Пивара Скопје во светот на кафе културата. Со ова премиум италијанско кафе ја збогатуваме нашата понуда со автентично искуство кое ја спојува традицијата со современите вкусови. Со вклучувањето на Кафе Верњано во нашата понуда, отвораме ново значајно поглавје во развојот на Пивара Скопје“, изјави Владимир Хуибнер, менаџер за кафе во Пивара Скопје.

Пивара Скопје е најголемиот производител на пиво и безалкохолни пијалаци во земјата, а нејзиното портфолио вклучува и некои од најпознатите светски брендови на жестоки пијалаци. Од компанијата најавуваат и други возбудливи иновации во блиска иднина.