„АРЕА“, ТАМАРА ТОДЕВСКА И „ДУПЕР“ ЌЕ БИДАТ ГОСТИ НА КОНЦЕРТОТ НА ЈАНГ ДАДИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Рок-групата „Ареа“, поп-пејачката Тамара Тодевска и дуото „Дупер“ ќе бидат гости на концертот на Јанг Дади, кој ќе се одржи на 30 декември во „Т арената“ во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Концертот е најавен под насловот „Јанг Дади и старите пријатели“, а пејачот, чие вистинско име е Давид Даниловски, ќе настапи со бенд.

„Ареа“ и Јанг Дади во октомври 2025 снимија нова верзија на хитот „Очи ангелски“, а тој гостуваше и на нивниот концерт во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Јанг Дади беше специјален гостин и на концертот на „Дупер“ во Античкиот театар во Охрид.

Јанг Дади неодамна ја објави новата песна „Екс Ју“, снимена во соработка со продуцентот Андреј Ник. Во песната гостува гитаристот на рок-групата „Дивље Јагоде“, Сеад Зеле Липовача, кој го свири гитарското соло и се појавува во видеоспотот. Во спотот игра и манекенката Катарина Ивановска, а приказната е инспирирана од југословенскиот рокенрол.

Годинава, Јанг Дади ја објави и песната „Лидија“, која стана голем хит, а со „Дупер“ ја сними „Претера“.

Организатор на концертот е „Авалон“.