Објавен е трејлер за продолжението на мјузиклот „Злобница“ (Wicked), кој на фановите им навестува како ќе заврши спинофот на „Волшебникот од Оз“. Премиерата е најавена за 24 ноември.
„Wicked: For Good“ ќе ги обедини Синтија Ериво како Елфаба, злобната вештерка на Западот и Аријана Гранде како Глинда, добрата вештерка на Истокот. Вториот дел продолжува таму каде што завршува првиот филм: Елфаба сега е непријателка на државата Оз, а Глинда е јавна личност контролирана од Волшебникот.
Трејлерот го најавува доаѓањето на Дороти, но засега не е познато кој ја глуми.
Двата филма се снимаа истовремено од декември 2022 до јануари 2024, но продукцијата беше нарушена од штрајкот во Холивуд.
Првиот филм „Злобница“ освои два оскара од десет номинации, а беше и голем хит во киносалите.
(Фото: Гети)