„БАКЛАВА“ СЛАВИ 20 ГОДИНИ СО КОНЦЕРТ НА СКОПСКО ЛЕТО

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Групата „Баклава“ вечерва (23 јуни) ќе одржи концерт во Куршумли ан од 20:30 часот. „Баклава“ слави две децении музичко творештво со специјален концерт на Скопско лето.

Најавено е дека на концертот ќе бидат изведени песни од сите пет албуми: „Баклава“, „Калемар“, „Ме манкас мучо“, „IV“ и „За Скопје со љубов“, како музичко патување низ љубовта, традицијата и урбаниот ритам.

Влезниците ќе се продаваат пред концертот по цена од 500 денари.