Вечерра и утре (20 и 21 јуни) од 20 часот во Центарот за култура во Охрид ќе се одржи традиционалниот фестивал за балканска музика Балкански музички плоштад.
Вечерва настапува Елена Христова од групата „Баклава“ (фото), а потоа групата „ВИС Билјана“ од Охрид.
На 21 јуни, концерт ќе одржи гитаристот и композитор Владимир Четкар со својот бенд. Влезот и двете вечери е слободен.
И оваа година фестивалот се одржува во чест на Денот на Охридското езеро, 21 јуни, со еколошка порака: „Езерото не е контејнер, чувај го чисто!“
Организатор на Балкански музички плоштад е продуцентската куќа „Трето уво“. Ова е 15. издание на фестивалот кој почна во 2002 година, а досега гостувале повеќе познати музичари од Балканот.
Настанот годинава се отвори во „Аудиокултура“ во Скопје, со настап на џез триото „Трицкл“ составено од студенти и дипломци на Џез академијата „Гоце Делчев“ од Штип.