ЛИВЕРПУЛ ГО СОБОРИ БРИТАНСКИОТ РЕКОРД СО ТРАНСФЕРОТ НА АЛЕКСАНДЕР ИСАК ОД 144 МИЛИОНИ ЕВРА

Ливерпул, (Би-Би-Си)

Ливерпул го реализираше најголемиот трансфер во историјата на британскиот фудбал откако го доведе Александер Исак од Њукасл за 125 милиони фунти (144 милиони евра). Со тоа заврши повеќенеделната сага околу иднината на шведскиот напаѓач, кој инсистираше да замине од Њукасл, поради што беше отстранет од екипата пред почетокот на сезоната.

Се проценува дека Њукасл би можел да добие и 150 милиони евра со додатоци.

Ова е следниот чекор за мене во мојата кариера. Пресреќен сум што ми беше дадена оваа шанса и мотивиран сум да направам нешто добро од тоа. Сакам да создадам историја и да освојувам трофеи“, изјави 25-годишниот Исак, кој ќе го носи дресот со број девет.

Тој помина три сезони во Њукасл, при што минатата сезона постигна 27 гола и го предводеше до триумфот во Лига купот, првиот трофеј за клубот по 56 години пауза.

Ова е третиот најголем трансфер во историјата на фудбалот, зад оние на Килијан Мбапе (180 милиони евра) и Нејмар (222 милиони евра). Рекордот во Британија го држеше Енцо Фернандес, кој пред две години премина во Челзи за 121 милион евра.

(Фото: Гети)