Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, разговара за приклучување кон конзорциумот што сака да купи околу 30% акции на фудбалскиот клуб Ливерпул.
Групата предводена од богатиот индиски бизнисмен Амит Батија дала прелиминарна понуда од 1,35 милијарди фунти за купување удел од „Фенвеј спортс груп“ (ФСГ) и разговара со други потенцијални инвеститори за обезбедување финансии.
Безос има лично богатство од околу 257 милијарди долари, според „Форбс“, што го прави четвртиот најбогат човек во светот. Ова е неговиот прв обид за влез во англиската Премиерлига.
Извори запознати со разговорите рекоа дека секој договор со конзорциумот на Батија би му овозможил на Безос да добие акции во Ливерпул. Понудата на Батија го вреднува Ливерпул на околу 4,5 милијарди фунти.
Додека потрагата по нови инвеститори продолжува, се верува дека Батија обезбедил финансиска поддршка од неговиот свекор, индискиот челичен магнат Лакшми Митал, чие семејно богатство се проценува на околу 23 милијарди фунти.
(Фото: Шатерсток)