ВЕЧЕРВА ПОЧНУВА ВТОРАТА СЕЗОНА НА ТИНЕЈЏЕРСКАТА ЕМИСИЈА „НИЗ ГРАД СО КИКИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Првата епизода од втората сезона од тинејџерската емисија „Низ град со Кики“ ќе се емитува вечерва (22 ноември) на МРТ од 19:15 часот и на Јутјуб каналот на Кики Мукаетова.

Епизодата е посветена на средношколците и е со наслов „Реалноста зад митовите“. Направена е со непосредни интервјуа со средношколци од СУГС „Георги Димитров“ од Скопје.
На тема животот на средношколците, Кики Мукаетова неодамна ја издаде својата прва песна „Луп“.  

„Шпицата за новата сезона на серијалот во фокусот го има скопскиот брутализам. Ја изработи познатиот македонски режисер Георги Унковски. Во видеото се користени брзи резови, ефекти и вештачка интелегенција, под водство на продуцентот на серијалот Дејан Пановски од ‘Вертиго продукција“, велат од тимот на емисијата.
Музиката е на Матеј Ваневски-Вански, која е доработена за потребите на серијалот.