НИК КЕЈВ ЈА ДОБИ ПРВАТА НОМИНАЦИЈА ЗА ОСКАР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Австралиската музичка легенда Ник Кејв ја доби првата номинација за Оскар. Тој е номиниран заедно со Брајс Деснер во категоријата најдобра оригинална песна како автор на музиката и текстот на песната „Соништа за возови“ од истоимениот филм на „Нетфликс“.

За истата песна претходно беше номиниран и за Златен глобус, но изгуби од мегахитот „Златна“ од „К-поп ловци на демони“, која и сега е огромен фаворит.

Во истата категорија е номинирана и Дајен Ворен, која никогаш не освоила Оскар во претходните 16 обиди.

(Фото: Фејсбук)