На 10 и 17 февруари, во камерната сала на Филхармонијата концерти ќе одржи Институтот „Фејмс“, составен од млади музичари од повеќе земји. Првиот концерт е насловен „Барајќи го грувот“, а вториот „Од студио до сцена“, двата од 20 часот.
Првиот концерт е под уметничко водство на Даниел Роланд, реномиран холандски виолинист и професор на Кралскиот колеџ за музика во Лондон и се фокусира на процесот на трансформација на музичкото дело од студиско снимање до концертна интерпретација. На репертоарот се дела од Рихард Штраус, Петерис Васкс и Филип Глас.
Вториот концерт се насочува кон ритамот и меѓужанровската соработка. Проектот е предводен од англискиот диригент Тимоти Редмонд и американскиот џез-тапанар Даглас Маринер, кои заедно истражуваат како класичниот оркестар може да комуницира со џез јазикот преку ритам и импровизациски елементи.
Ќе настапат 30 селектирани млади европски музичари, како кулминација на интензивната повеќедневна работа со меѓународни ментори.
Институтот „Фејмс“ е европска едукативна платформа која нуди интензивни програми што ја интегрираат оркестарската обука со практично искуство во снимање и сценска изведба.
Билетите се продаваат преку мрежата на МК тикетс.