ОСУМ МЛАДИ МАКЕДОНСКИ БЕНДОВИ ЌЕ СЕ ПРЕТСТАВАТ НА ФЕСТИВАЛОТ „РЕ:СТАРТ“ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Осум млади домашни бендови ќе го покажат својот талент на фестивалот „Ре:старт“, што ќе се одржи на 6 и 7 февруари во „Лабораториум“ во Скопје. Под мотото „од млади за млади“, фестивалот го организира колективот „Гола планина“, кој во изминатите години се наметна како еден од главните промотори на новата македонска музика.

Првиот ден настапуваат „Член 16“, „Малард“, „Корка“ (фото) и „Големата вода“, а следниот ден ќе можат да се слушнат „Ферсеида“, „ЛСД дјуринг вор“, „Калико“ и „Животни“. Сите учесници се бендови формирани во изминатите неколку години.

Еднодневните карти чинат 300 денари, а за двете вечери 500 денари.