ОХРИД ФЕСТ БАРА НОВИ МУЗИЧКИ ТАЛЕНТИ ЗА НАСТАП НА ФЕСТИВАЛОТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Интернационалниот музички фестивал Охрид фест-Охридски трубадури распиша конкурс за избор на два нови музички талента, еден машки и еден женски вокал, со цел да им даде можност на млади пејачи да ја започнат својата професионална кариера.

Конкурсот ќе биде отворен од 1 ноември 2026 до 15 јануари 2027, а заинтересираните треба да испратат една или две демооснимки или веќе снимени студиски песни. По завршувањето на конкурсот, стручна комисија ќе ги избере двата најперспективни пејачи, кои ќе добијат можност за соработка со фестивалот.

Пријавите се испраќаат на [email protected], со назнака „Одбираме нова македонска музичка ѕвезда“.

Охрид фест-Охридски трубадури има традиција подолга од триесет години и на него настапувале бројни домашни и регионални ѕвезди.

Фото: Ана Петановска и Наташа Михајловиќ на Охрид фест 2026 на сцената на Долни Сарај