СНИМКА ОД 29. „ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА“ ЌЕ СЕ ЕМИТУВА НА 8 МАРТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

ТВ-снимката на 29. издание на „Златна бубамара на популарноста“ ќе се емитува на 8 март од 19:45 часот на „Канал 5“, објави радио „Бубамара“.

Ова беше најсветското издание на популарното шоу, кое се одржа на 26 февруари во салата „Борис Трајковски“. Цела сала беше на нозе на настапот на легендарната британска соул, фанк и диско група „Делегејшн“ и американската соул ѕвезда Марта Хај (фото), која 34 години му беше придружен вокал на Џејмс Браун.

Меѓу наградените кои настапија се Владо Јаневски, Калиопи, Слаткаристика, Тони Зен и Владимир Четкар.