Кампања која го повикува на оставка турскиот претседател со голема брзина се прошири на социјалните мрежи.
Таа уследи откако тој во вчерашниот говор во парламентот изјави дека „ќе се повлече оној ден кога народот ќе му каже доста“.
Искористувајќи го моментот, голем број Турци на социјалните мрежи го истакнаа хаштагот #TAMAM, што се преведува како доста.
Од вчеравечер, хаштагот бил споделен два милиони пати, при што многумина истовремено жестоко ги искритикуваа Ердоган и неговата владејачка партија АК.
Со цел да возвратат, приврзаниците на Ердоган ја лансираа кампањата #DEVAM, што значи продолжи.
„Битката на двете ривалски кампањи е една од најголемите војни со хаштази во историјата на интернетот“, изјави професорот Аким Унвер од Центарот за истражување на економија и надворешна политика.
Ердоган, кој е на власт веќе 15 години, ги заостри политичките тензии во земјата, откако најави избори за 24 јуни.