ПЛАНИНАТА ОД „ИГРА НА ТРОНОВИ“ СТАНА НАЈСИЛЕН ЧОВЕК НА СВЕТОТ

Манила, (Мешабл)

Тој веќе беше најсилниот човек во Вестерос, а сега официјално е и најсилен човек на светот.

Хафтоур Јулиус Бјернсон, кој на фановите на „Игра на тронови“ им е попознат како Грегор Клегејн, односно Планината, победи на годишниот натпревар Најсилен човек на светот, откако во последните шест години редовно завршуваше на второто или на третото место.

Дваесет и деветгодишниот Исланѓанец, кој е висок 2,06 метри и тежок околу 180 килограми, го освои првото место во три од шесте категории во финалето во Филипини, победувајќи го четирикратниот американски шампион Брајан Шо.

Бјернсон претходно оваа година славеше и на Арнолд стронгмен класик и на Најсилен човек во Европа, станувајќи прв човек кој во иста година триумфирал на сите три натпреварувања.

Освен ова, Бјернсон ја има и титулата најсилен викинг на светот, откако во 2015 година собори илјада години стар рекорд, носејќи 10 метри долг и 650 килограми тежок товар.

Планината, кој во една од незаборавните сцени му ја смачка главата на Оберин Мартел, несомнено ќе биде дел и од последната, деветта сезона на „Игра на тронови“.