ПРОГРЕСИВ МЕТАЛ СВИРКА СО „ХРОМАТИК ПОИНТ“ ВЕЧЕРВА ВО „СТАНИЦА 26“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Mакедонскиот инструментален состав „Хроматик поинт“ вечерва (21 часот) ќе настапи во „Станица 26“ во Скопје, ветувајќи неколкучасовна енергична свирка на прогресивен метал, жанр што не е толку застапен на домашната музичка сцена.

Овој бенд, во состав Душко Ичев на клавијатури, Ален Спасевски на бас, Христијан Ристески на гитара и Филип Јездиќ на тапани, е активен веќе осум години и моментално работи на својот четврти албум.

„Публиката ќе има можност да слушне виртуозна инструментална музика, а за првпат ќе биде изведен нашиот нов сингл „Clockwork”. Досега немаме направено песна со вокал и секогаш настапуваме како квартет. Инспирациите и влијанијата ни се најразлични, од метал и рок до џез и блуз“, велат од бендот.

Како предгрупа, ќе настапи прогресив рок групата од Софија, „Јувиги“.