„Дедпул 2“ ќе се обиде да го предизвика „Одмаздници: војна на бесконечноста“ во периодот која тој сè уште владее на кино благајните и од утре, паралелно со светската премиера, ќе се прикажува и во Синеплекс.

Првиот дел со необичниот суперхерој беше еден од најголемите и неочекувани хитови за 2016 година, заработувајќи речиси 800 милиони долари на светско ниво и сега во најмала рака му се предвидува повторување на овие бројки.

Рајан Рејнолдс повторно е во улогата на Вејд Вилсон, попознат како Дедпул, а овојпат се бори против Кејбл (Џош Бролин), мутант кој патува низ време, со цел да заштити момче со натприродни способности.

Во филмот играат и Морена Бакарин, Бред Пит, Бил Скарсгорд, Бријана Хилдебранд…

Се очекува „Дедпул 2“ да заработи меѓу 130 и 150 милиони долари во првиот викенд во Северна Америка и да ја прекине тринеделната доминација на „Одмаздници 3“.