НОВАТА КАМПАЊА ЗА „КРАЛИ МАРКО“ ОТКРИВА КОЈ Е НОВИОТ КРАЛ НА КАФЕАНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Прилепска пиварница“ стартуваше нова кампања за пивото „Крали Марко“, која открива кој е „новиот крал на кафеани“.

Уживањето, боемството и целиот кафеански амбиент се надополнети со звуците на шлагерот „Кога пеам, кога љубам“ во изведба на Диме Поповски, за да се долови атмосферата, во којашто шармантниот Сашко Коцев станува „новиот крал“ со свои, нови правила.

Секогаш со нови изненадувања за своите фанови и за сите љубители на кафеаната и на доброто друштво, „Крали Марко“ и натаму е пиво за вистинско уживање.