РИЈАНА СНИМА АЛБУМ ПО 10 ГОДИНИ ПАУЗА, ВЕЛИ НЕЈЗИНИОТ ПАРТНЕР АСАП РОКИ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Ријана би можела да ја прекине десетгодишната пауза на издавање албуми, според нејзиниот партнер АСАП Роки.

„Таа е во студио во моментов“, рече раперот во подкастот на Џејсон Ли.

Откриени се малку детали за можниот нов албум. Пејачката од Барбадос, чие вистинско име е Робин Фенти, нема објавено албум од 2016 година. Во меѓувреме сними неколку синглови, главно поврзани со нејзините филмски проекти.

„Дали ти си причината што нема нов албум?“, беше прашан раперот, при што Ли алудираше на трите деца што ги доби со Ријана.

АСАП Роки го негираше ова, откривајќи дека Ријана, всушност, работи на нова музика.

„Да, го кажав тоа. Можеби ќе се најдам дома во неволја за ова“, се пошегува пејачот.

Во февруари минатата година, Ријана изјави дека се чувствува оптимистично во врска со новиот албум.

„Чувствувам дека конечно направив пробив. Не можам да прифатам ништо просечно. Откако чекаш осум години, најдобро е да почекаш уште малку“, рече таа.

(Фото: Фејсбук)