Вуди Харелсон и Метју Меконахи се глумат себеси во новата серија „Браќа“, која ќе има премиера на „Епл ТВ“ на 23 септември.
Двете актерски ѕвезди се добри пријатели во приватниот живот, а можеби се и полубраќа. Оваа шпекулација своевремено ја прошири мајката на Меконахи, откривајќи дека имала кратка љубовна врска со таткото на Харелсон, за кого е познато дека бил платен убиец на мафијата.
Харелсон и Меконахи ја имаат земено таа идеја како премиса за оваа мета-комедија. Тие играат верзии на себеси, но ги преземаат улогите на фиктивните членови на семејството во оваа откачена приказна, во која Вуди, неговата сопруга и двете ќерки пристигнуваат во Тексас за да ги посетат Метју, неговата сопруга и нивните три деца.
Холанд Тејлор ја игра дрската, пијана мајка на Метју, која му ја открива својата експлозивна шпекулација на Вуди.
(Фото: Епл ТВ)