ПРВОТО ИЗДАНИЕ НА ТРАНС ФЕСТИВАЛОТ „ГАЛИЧНИК ГЕДЕРИНГ“ НОСИ НАД 25 АРТИСТИ ОД ЗЕМЈАВА И СТРАНСТВО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Првото издание на транс фестивалот „Галичник гедеринг“ (Galichnik Gathering) ќе се одржи од 4 до 6 септември во близина на селото Галичник на планината Бистра. Во 30 години постоење на сцената во Македонија, ова е еден од најсериозните обиди за организирање транс фестивал кај нас.

Програмата вклучува повеќе од 25 диџеи и музички проекти од земјава и странство, меѓу кои се истакнуваат данските артисти Јахбо и Онкел Донкел и легендарниот грчки диџеј и продуцент Архаик. Посебен акцент на фестивалот ќе биде ставен на музиката на издавачката куќа „Парвати“.

Музика ќе пуштаат и некои од најангажираните македонски транс артисти во светот, како Атриом, Тенгри, Егоритмија, Џантрикс и Енцефалопатикус.

Вратите се отвораат на 3 септември во 12 часот. Дневна карта за фестивалот чини 50 евра, а за сите денови 70 евра.