РОНАЛДИЊО ЌЕ СЕ ЖЕНИ СО ДВЕ ЖЕНИ ИСТОВРЕМЕНО

Рио де Жанеиро, (Сан)

Бразилската фудбалска легенда Роналдињо ќе прави свадба ова лето, при што во исто време ќе се ожени со две жени, јавуваат тамошните медиуми.

Свадбата ќе се одржи во август, кога Роналдињо ќе ги ожени своите свршеници Присила Коелјо и Беатриз Соуза.

Бразилските медиуми пишуваат дека сите тројца живеат во хармонија во пет милиони фунти вредната вила во Рио де Жанеиро, што Роналдињо ја купил во декември.

Поранешниот најдобар светски фудбалер, кој се прослави во Барселона и стана светски првак во 2002 година, ја почнал врската со Беатриз во 2016 година, без да раскине со Присила, со која се заедно веќе неколку години. Тие од него наводно добиваат по 1.500 фунти за трошење, но тој секогаш им купувал и идентични подароци и заедно ги води на настани. Во јануари, двете ги побарал за жена во исто време.

Венчавката ќе биде приватна церемонија, а сестрата на Роналдињо, Дејзи, најавила дека нема да присуствува, затоа што не ја поддржува неговата полигамија.

И Присила и Беатриз се од Бело Хоризонте, кадешто Роналдињо настапуваше за Атлетико Минеиро во 2012 година.