РОНАЛДО И ЏОРЏИНА ЌЕ СЕ ВЕНЧААТ ПО ДЕСЕТ ГОДИНИ ВРСКА

Португалија, (Сан)

Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна партнерка Џорџина Родригес се подготвуваат за раскошна свадба, што треба да се одржи викендов на португалскиот остров Мадеира.

Според британскиот весник „Сан“, 41-годишната португалска ѕвезда ќе се венча со 32-годишната Џорџина во катедралата во Фуншал, по што прославите ќе продолжат во луксузниот хотел со пет ѕвезди „Савој Палас“.

„Гостите на хотелот се информирани дека два ката нема да бидат достапни за употреба во петок и сабота, заедно со неколку области наменети за барови“, изјави еден извор.

Фуншал е родното место на Кристијано. Го напуштил на 11-годишна возраст за да се приклучи на Спортинг Лисабон. Неговото нето-богатство се проценува на 1,2-1,4 милијарди долари.

Роналдо и Џорџина се свршија во август 2025 по девет години врска. Се запознале во бутик на „Гучи“ во Мадрид, каде што таа работела во времето кога тој настапуваше за Реал Мадрид. Роналдо е татко на пет деца, од кои две ги доби со Џорџина, која му помага во одгледувањето на останатите деца.

(Фото: АП)