МИЈАТА НА ФЕСТИВАЛОТ „СКРИМ“ ЗАЕДНО СО ЕМЕЛИ САНДЕ И „ДУПЕР“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Кантавторката Мијата ќе настапи на фестивалот „Скрим“ со британската поп-ѕвезда Емели Санде и популарниот македонски бенд „Дупер“ на 7 ноември во aрената „Борис Трајковски“ во Скопје, објави организаторот, продукцијата „Прагма“.

Мијата во јуни го промовираше синглот „Ти биди свој“, за кој самата ги напиша музиката и текстот и учествуваше во аранжманот.

Британската пејачка Емели Санде е повеќекратна добитничка на Британските музички награди. Нејзиниот деби албум „Our Version of Events“ беше најпродаваниот албум во Велика Британија во 2012 година. Првиот соло сингл „Heaven“ го објави во 2011.

Дупер“, дуото кое го сочинуваат Борис Какуринов и Илчо Нечовски, годинава ги објави песните „На пола пат“ и „Претера“, во соработка со Јанг Дади. На 5 август одржа самостоен концерт во Античкиот театар во Охрид, а по настапот со Емели Санде во Скопје, на 20 ноември во Струмица ќе почнe турнеја низ Македонија.

Концертот на 7 ноември ќе биде прв настап на Санде во Македонија. Билетите се продаваат преку „Купи карта“.