Јанг Дади ја објави новата песна „Екс Ју“, направена во соработка со продуцентот Андреј Ник, во која гостува познатиот гитарист на сараевскиот рок бенд „Дивље Јагоде“, Сеад Зеле Липовача. Тој го отсвире гитарското соло и се појавува во видеоспотот, во кој главната женска улога ја има моделот Катарина Ивановска.
Спотот раскажува хумористична приказна за скопјанец кој се обидува да освои девојка вљубена во југословенскиот рокенрол. За да ѝ се допадне, Дади го менува својот имиџ и се обидува да стане рокер по примерот на Зеле Липовача.

Во видеото се појавуваат стара „лада“ и препознатливи скопски локации и архитектура, со кои се доловува атмосферата на поранешна Југославија.
Песната е издание на „Авалон продукција“, а спотот е реализиран во продукција на „Такат студио“.
Јанг Дади на 30 декември ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Влезниците се продаваат преку мрежата на „Авалон“ и онлајн на „Авалон букинг“.