ШЕСТИОТ ФИЛМ „ЛЕДЕНО ДОБА“ ЌЕ ИМА КИНОПРЕМИЕРА НА 5 ФЕВРУАРИ

САД, (АП)

Дизни“ го објави новиот трејлер за анимираниот филм „Ледено доба: Точка на вриење“, шестиот дел од популарниот филмски серијал, кој ќе игра во кино на 5 февруари 2027 година.

Во новата авантура се враќаат познатите ликови Мени, Сид, Диего, Ели и Скрат, кои ќе се соочат со диносауруси, вулкани и лава во опасниот Изгубен свет. Според трејлерот, нивната задача ќе биде да спасат јајце од диносаурус и да го вратат во неговото гнездо.

Режисер на филмот е Џон Донкин, гласовите на главните ликови повторно ги позајмуваат Реј Романо, Џон Легуизамо, Денис Лири и Квин Латифа, а во актерската екипа се и Сајмон Пег, Ешли Парк и Џош Пек.

Првиот филм „Ледено доба“ излезе во 2002, а последното продолжение од главниот серијал, „Ледено доба: Судир на светови“, во 2016 година. Новиот филм е враќање на серијалот во кината по повеќе од десет години.

(Фото: АП)