Skip to content
Еден будала шчо ќе заметнат, триста умни не может да го одметкет.
Вера е да се држит, а закон е да се вардит.
Во неољата учиме, а во слободата се разучвиме.
Време течит, пљаги лечит.
Во чужџа манџа не клај сољ.
Жената е… жената е … гиздавица, жегавица, кивавица, лизгавица, лигавица, ждригавица, брадавица, државица, ракавица, секавица, плусквица, букавица, кукавица, валавица, палавица, рскавица, витлавица, капавица. брблавица, наздравица, и — лавица!
Види му ‘и опинците, та пушчи го дома да ти влезит.
Во сто ореј здрави, еден лош не се познат.
Водата ќе протечит, песокта ќе останит.