По повеќе од 30 години на чело на „Вог“, Ана Винтур се појави на насловната страница на модното списание заедно со актерската легенда Мерил Стрип. Двете се фотографирани од славната Ени Либовиц.
Стрип ја игра Миранди Пристли во „Ѓаволот носи Прада“, безмилосна уредничка на модно списание, за која се верува дека е заснована врз Винтур. Вториот дел од филмот ќе има премиера следниот месец.

Во интервју со режисерката Грета Гервиг, Винтур рече дека е голема чест што ја игра Мерил, но посочи дека ликот на Пристли е „оддалечен“ од вистинската Винтур. Таа го нарече ликот „извонреден дар“.
„Ми се допаѓаат моите години. Се чувствувам жива, возбудена и свесна како и секогаш и сакам да учам од моите деца и од сите мои тимови низ целиот свет. Секогаш е возбудливо. И мислам дека со искуство имате чувство за рамнотежа и пропорција и знаете дека животот не е совршен, но ќе дадете сѐ од себе. Но, ако не успее, мора да продолжите понатаму. Сметам дека возраста е, всушност, предност“, кажа Винтур.
На прашањето дали би се заменила со Стрип за работното место, Винтур рече:
„Нема шанси. Немам никакви таленти. Не знам да пеам, не знам да танцувам, не знам да глумам. Бескорисна сум со моите раце, не знам да готвам, сигурно не знам да шијам“.