„КИА ЕВ6“ ПРОГЛАСЕНА ЗА АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ВО МАКЕДОНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Киа ЕВ6“ е прогласена за Автомобил на годината во Македонија, одлучи националното жири, кое по 29. пат го организираше изборот.

Покрај „киа ЕВ6“, која доби три гласа од четиричленото жири, во финалниот избор влегоа и „џип авенџер“, „МГ4“, „рено астрол“ и „шкода енјак“.

„‘ЕВ6‘ не само што е првиот модел на „Киа“ направен на новата електрична глобална модуларна платформа, туку и прв автомобил што ја има имплементирано смелата нова дизајнерска филозофија на компанијата. Заедно со динамичните перформанси, импресивната автономија и брзото полнење на батериите, ова ја претставува ‘киа ЕВ6‘ како нешто посебно“, објави жирито.