Новиот СУВ автомобил Ситроен Ц3 еркрос ја доби првата награда на „Аутобест“ за 2018 година.

„Аутобест“ од 2001 година го наградува автомобилот кој во тековната година ќе добие најмногу гласови. Во гласањето учествуваат 31 новинари, специјализирани за автомобилизам, а автомобилите се оценуваат според 13 критериуми, меѓу кои соодносот меѓу квалитетот и цената, дизајнот, комфорот, квалитет на услугата, и расоложливоста со резервни делови.

Новиот компактен СУВ Ситроен Ц3 еркрос на ова 17 издание на награди во конкуренција со шест други финалисти, наградата ја доби за оригиналниот дизајн. За овој автомобил во Европа веќе се направени повеќе од 30.000 нарачки, а тој ги воодушеви клиентите со просторноста, модуларноста и осветленоста, а според очекувањата на клиентите има и подвижен панорамски застаклен кров.