Американската кошаркарка Ејнџел Рис стана првата професионална спортистка која прошетала на пистата на ревија на „Викторијас сикрет“. Таа настапи на вчерашното шоу на славниот моден бренд во Њујорк, кој ги обедини некои од најпознатите светски манекенки, вклучувајќи ги Адријана Лима, Алесандра Амброзио, Емили Ратајковски (фото), Бела и Џиџи Хадид и Ешли Грем.

Историја испиша и Џасмин Тукс како првата бремена манекенка на ревија на „Викторијас сикрет“.






