МЕЛАНИЈА ТРАМП ПОВТОРНО ПРИВЛЕЧЕ ВНИМАНИЕ СО ШАПКАТА ПРИ ДРЖАВНАТА ПОСЕТА НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Лондон, (Би-Би-Си)

Државните посети често се вежба во модната дипломатија, па така имаше што да се види кога американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија пристигнаа во Велика Британија.

Меланија е позната по импресивните капи – нејзината бела шапка со широк обод беше тема на разговор на инаугурацијата на нејзиниот сопруг оваа година.

(Фото: АФП)

Првата дама на САД избра сличен драматичен изглед и за првиот ден од посетата. Таа пристигна во замокот Виндзор носејќи широка виолетова шапка што како да ѝ ги затскриваше очите, која ја искомбинира со безвременско темносиво одело од „Диор“

„‘Диор‘ е омилената модна куќа на Меланија и нејзината одлука да го носи е знак на поддршка на Америка за Европа“, изјави модната критичарка Маријан Квеј.

Меланија Трамп синоќа стапна на британската почва носејќи мантил на „Барбери“ со боја на мед и чизми.

(Фото: Гети)

За пречекот на Доналд и Меланија Трамп, кралицата Камила избра сафирно-сина комбинација, капут на Фиона Клер и шапка на Филип Триси.

Принцезата од Велс облече бордо фустан од Емилија Викстед и шапка во иста боја од Џејн Тејлор. И кралицата и принцезата со ова им оддадоа почит на британските дизајнери. Кејт го надополни својот изглед со брош од пердуви.

(Фото: Гети)

Како и Трампови, и принцезата одлучи да го усогласи својот изглед со нејзиниот сопруг, принцот од Велс, кој носеше бордо вратоврска. Ова има за цел да покаже поддршка и дека таа е едно со агендата на својот сопруг и татковината“, рече Квеј.

(Фото: Гети)