Две манекенки од Македонија освоија титули на изборот на Мис на Европа 2026, кој се одржа во Бејрут, Либан. Моника Црнокрак е избрана за петта придружничка во конкуренција на 30 девојки од цела Европа, а Нела Јосифовска ја освои титулата Мис најубаво лице.

Победничка е претставничката на Русија. Фустанот во кој се претстави Моника Црнокрак беше изработен специјално за овој настан од модната креаторка Наташа Карчева.
„Изборот на Мис на Европа, кој се одржува од 2022, и оваа година беше во организација на ‘Стајл евентс’ од Бејрут“, вели модниот менаџер Мики Црнокрак.

Лиценцата за Македонија со години ја поседува модното студио „Црнокрак“, кое им беше поддршка на македонските кандидатки за време на подготовките и престојот во Либан.