СЕ ГОРДЕАМ ШТО ЈА ОСВОИВ ТИТУЛАТА КРАЛИЦА НА ЕВРОПА НА ИЗБОРОТ ЗА МИС НА ЕВРОАЗИЈА, ВЕЛИ ЈУЛИЈАНА ЃОРЃИЕВСКА ОД КРИВА ПАЛАНКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонскиот модел Јулијана Ѓорѓиевска ја освои титулата Кралица на Европа на изборот за убавина Кралица на Евроазија, што се одржа во Анталија, Турција. Ѓорѓиевска има 26 години и е од Крива Паланка. Ја освои титулата во конкуренција на 30 девојки од 30 земји од Европа и Азија.

Јулијана Ѓорѓиевска има 26 години и е од Крива Паланка (Фото: Мис Евроазија)

Во театарот во Анталија, каде што се одржа изборот, титулата Кралица на Азија ја освои претставничката на Египет, а вкупната победничка доаѓа од Русија.
„Горда сум што ја претставував Македонија на овој избор за убавина и што ја освоив титулата Мис на Европа или Кралица на Европа. Одлична организација и добро искуство за мене“, ни рече Ѓорѓиевска.

Ова беше 10. издание на овој избор. Во Македонија, лиценцата за учество ја има модното студио „Црнокрак“, чија членка е Ѓорѓиевска.

М. ЏАРОВСКА