Сидни Свини и официјално влезе во светот на модата откако го претстави својот бренд за долна облека „Сајрен“ (SYRN). Оваа колекција претставува нејзин премин од актерка во претприемачка, а како модел на линијата „Romantic“, Свини стави и личен печат на премиерата на брендот.

Таа го најави брендот на контроверзен начин откако закачи парче долна облека на култниот знак Холивуд. Како единствена основачка на брендот, Свини има преземено практичен пристап кон моделирањето на парчињата.
Колекцијата се состои од четири линии долна облека: „Romantic“, „Seductress“, „Playful“ и „Comfy“. Моделите доаѓаат во 44 различни големини, а повеќето чинат под 100 долари.

„Сакав да направам бренд за долна облека што жените навистина го разбираат. ‘Сајрен‘ слави самодоверба без притисок, она чувство кога си секси, моќна, нежна и разиграна, сето тоа во еден ден. Имав јасна визија: да направам нешто што функционира во вистинскиот свет и не наметнува ограничувања“, вели 28-годишната Свини.
(Фото: АП)