Ревија во чест на починатата модна дизајнерка Фросина Кулакова се одржа во Белград, во рамките на изборот за „Топ модел на Европа од Балканот“. На изборот, награди освоија моделите Андреа Стојмановска, Дарио Крумевски и Харис Реџепи од Скопје, а свои ревии одржаа и дизајнерките Душица Шалева и Ирина Тошева.
„Ревијата организирана во чест на Фросина ја затвори програмата, славејќи ги нејзините талент и креативност. Од дваесетте македонски модели кои настапија на настанот, тројца успеаја да се издвојат со својата харизма. Андреа и Дарио ја освоија наградата за комерцијален модел, а Харис доби награда во модна категорија“, велат организаторите.
Тројцата победници ќе го претставуваат Балканот на финалето на Топ модел на Европа, што ќе се одржи на 30 ноември во Брисел.