НА КАФЕ СО ЗМИЈА – ПРОДАВНИЦА ВО ТАЈПЕЈ САКА ДА ГИ УРНЕ ПРЕДРАСУДИТЕ ЗА ВЛЕКАЧОТ

Тајпеј, (Ројтерс)

Во пресрет на почетокот на Годината на змијата, продавница за домашни миленици во Тајпеј им нуди на муштериите да уживаат во друштво на змии додека пијат кафе, надевајќи се дека на тој начин ќе срушат дел од предрасудите кон влекачите.

Тајван е обложен со слики од змија пред почетокот на Лунарната нова година, која започнува на 29 јануари, а чие хороскопско животно оваа година е змијата.

Змијата има мешана репутација во традиционалната тајванска и кинеска култура како симбол на добро или лошо. Некои од домородните народи на Тајван ги почитуваат змиите како духови-чувари, иако островот е дом на видови кои се потенцијално смртоносни за луѓето.

„Обезбедувам простор за луѓето да искусат ново искуство, откривајќи дали им се допаѓаат змии без никакви предрасуди“, рече газдата на продавницата „Питонизам“, Луо Чих-ју.

Тој ја донел својата ќерка во продавницата, која љубопитно гледала во животните во нивните кафези.

„Преку оваа активност, таа може да научи како да се грижи за малите животни и да ги негува“, рече тој.

(Фото: Блу енд голд)