БЕРЛИН Е НАЈПОПУЛАРЕН ГРАД ЗА ШОПИНГ ВО СВЕТОТ, ЊУЈОРК Е НА ПЕТТОТО МЕСТО

Германија, (Дејли паспорт)

Најпознат по својата најсовремена уметничка и музичка сцена, многуте знаменитости и креативната култура, Берлин е еден од највозбудливите градови во Европа. Истото важи и за неговата модна сцена, каде што независните дизајнери, пазарите, винтиџ продавниците и одржливите брендови напредуваат заедно со малопродажните гиганти.

„Дејли паспорт“ направи листа на петте најпопуларни градови за шопинг во светот, а Берлин е на првото место.
Спојот на најсовремените трговски центри и традиционалните шопинг центри го прави Дубаи една од најбараните малопродажни дестинации во светот. Иако денес е најпознат по своите луксузни шопинг центри, овој богат град на Блискиот Исток е интересен и по зачините кои туристите ги купуваат најчесто, како и златото и текстилот.
Од живите ноќни пазари до масивните, ултрамодерни трговски центри и растечката локална дизајнерска сцена, Бангкок е град што го посетуваат љубителите на шопингот. „Сиам Парагон“ е еден од најзначајните трговски центри, со околу 70 луксузни брендови за облека и модни додатоци, луксузни ресторани, тематски парк и најголемиот аквариум во Бангкок. Во близина, „Централ парк“ има повеќе од 500 продавници, над 100 места за јадење и отворен плоштад кој редовно е домаќин на пазари и концерти.

„Сиам Парагон“ е еден од најзначајните трговски центри во Бангкок (Фото: Гети)

Уметноста и архитектурата можеби се главните атракции на Барселона, но во деновите кога не го посетуваат Музејот „Пикасо“, туристите одат на шопинг.

Њујорк е познат по нешто повеќе од шопинг, тој е трендовска дестинација на независни дизајнери, нови брендови и концептуални продавници кои влијаат на трендовите. Њујорк има по нешто за секого, без разлика дали сте љубител на театар, музика, спорт или или сте гурман. Шопинг сцената во Њујорк е исто толку разновидна, од висока мода до секојдневна облека.

 

Фото: Алами