Честер во Велика Британија е прогласен за најубав град на светот, во глобална анкета спроведена од „Online Mortgage Advisor“. Тој добил 83,7% во златниот пресек, земајќи ги предвид аспектите како архитектура, пропорции и структура, оставајќи ги зад себе Венеција и Лондон.

Честер, кој бил римска утврда во првиот век, спојува историска и модерна архитектура со знаменитости како Честерската катедрала, најголемиот римски амфитеатар во Велика Британија и најстариот хиподром во земјата.
Едно од обележјата на градот се средновековните двоспратни дрвени куќи со продавници во приземјето, од кои некои датираат од 13. век. Тамошната зоолошка градина е дом на 21.000 животни.