„Ледениот хотел“ во Јукасјерви во Шведска Лапонија го отвори своето 36. издание со сосема нови дизајни. Во него можете да спиете во ледени соби окружени со специјално направени скулптури од мраз и снег, кои се дело на 33 уметници од 12 држави.

Работите почнале уште во март со вадењето на блокови мраз од реката Торне. Тие потоа биле искористени за изградба на хотел од 2.800 квадратни метри, во што учествувале вкупно 89 луѓе, според креативниот директор на „Ледениот хотел“, Лука Ронкорони.

Меѓу атракциите се 30 метри долгата главна сала и пијано од мраз во природна големина. Хотелот располага со 12 уметнички апартмани и 20 ледени соби.



(Фото: Ајсхотел)