РИЈАНА ПОЗИРАШЕ СО СИНОТ ЗА „ВОГ“ И ВЕЛИ ДЕКА УЖИВА ВО МАЈЧИНСТВОТО

Лондон, (Дејли мејл)

Бебето на Ријана го имаше своето деби на насловните страници. Ријана, која пред неколку дена потврди дека повторно е бремена, е главната ѕвезда на мартовското издание на британски „Вог“, каде што позира заедно со своето момче АСАП Роки и нивниот деветмесечен син.


Тоа е нејзината прва фотосесија со синот, кого првпат го покажа во видео на ТикТок во декември.

Во разговорот за „Вог“, Ријана вели дека ужива во улогата на мајка.

„Мајчинството е сè. Најлудата работа е што не се сеќаваш многу на животот пред тоа“.

Ријана призна дека мајчинството ја натерало да се преиспита себеси, а воспитувањето дете го опиша како една од најстрашните обврски во животот. Додека го чека второто дете, Ријана вели дека во иднина би сакала да има уште повеќе деца.