АКТЕРОТ РАЈАН РЕЈНОЛДС ЗАРАБОТИ РЕЧИСИ МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ОД ПРОДАЖБАТА НА ДВА СВОИ БИЗНИСА

Њујорк, (Би-Би-Си)

Холивудската ѕвезда Рајан Рејнолдс заработи богатство од уште еден успешен бизнис далеку од актерската кариера. Тој ќе добие над 300 милиони долари откако американскиот „Ти-мобајл“ постигна договор за преземање на телекомуникациската фирма „Минт мобајл“, во која Рејнолдс поседува 25% акции. Целиот договор има вредност од 1,35 милијарди долари, во што се вклучени и акциите на Рејнолдс.

Канадскиот актер, кој е косопственик на англискиот фудбалски клуб Врексам, во 2020 го продаде својот бренд на џин, за што инкасираше 610 милиони долари.

Среќни сме што ‘Ти-мобајл‘ ја победи агресивната понуда дадена во последната минута од мојата мајка Теми Рејнолдс“, се пошегува ѕвездата на „Дедпул“.

Рејнолдс ја почнал актерската кариера во 1991 година и, како што откри во една прилика, за првата улога бил платен 150 долари. Според „Форбс“, тој беше вториот најплатен актер на светот во 2020 година и денес редовно заработува над 20 милиони долари по филм.

(Фото: Гети)