БЕЛГРАДСКАТА ПРЕТСТАВА „ДЕТСКИ ПОВРЕДИ“ СО СЛОБОДА МИЌАЛОВИЌ И ВУК КОСТИЌ НА 23 НОЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 23 ноември во Националната опера и балет ќе гостува претставата „Детски повреди“ на Народно позориште од Белград со Слобода Миќаловиќ и Вук Костиќ во главните улоги, објави продукцијата „Прагма“.

Претставата е работена според сценариото на американскиот писател Џозеф Раџив, кое го напишал во 2011. Режисер е Иван Вуковиќ.

„‘Детски повреди’ не е класична љубовна приказна. Уште од првата сцена во училишната амбуланта ги следиме Кејлин со силни болки во стомакот и Даг, кој штотуку скокнал од покривот на училиштето на велосипед. Од осум до 38 години, ги гледаме нивните средби на разни места за лекување, секогаш со нови лузни на телото и на душата“, се вели во описот на претставата.

Главните актери се едни од најпопуларните во регионот, најмногу поради ТВ-сериите кои се гледани и во Македонија. Билетите се продаваат преку мрежата на Купи карта.

(Фото: Танјуг)