Екипата на популарниот регионален сатиричен сајт „Њуз.нет“ ќе гостува во Скопје на 22 март. Настанот ќе се одржи во Центар Јадро со почеток во 20:30 часот, а билетите се по цена од 800 денари.
Во Скопје доаѓаат Јелисавета Милетиќ, Марко Дражиќ, Виктор Марковиќ и Ненад Милосављевиќ, кои се автори и сценаристи на „Њуз.нет“ и дел од емисијата „24 минути со Зоран Кесиќ“.
„Њуз.нет“ постои од 2010 и објавува измислени вести под слоганот „вести во огледало“, со што е еден од најпрепознатливите сатирични медиуми во регионот.