„ЕУРОФАРМ“ ОДБЕЛЕЖУВА 25 ГОДИНИ РАЗВОЈ – ОД ЕДНА АПТЕКА ДО НАЦИОНАЛЕН БРЕНД СО НАД 620 ВРАБОТЕНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Еурофарм“, еден од најпрепознатливите фармацевтски брендови во државата, оваа година одбележува значаен јубилеј – 25 години од започнувањето на развојниот пат од една аптека до национална мрежа со 123 современи аптеки и препознатлива улога во македонскиот фармацевтски сектор и заедницата. Целата приказна за досегашниот развој на „Еурофарм“ е претставена во ова видео.

Основана во 2000 како семеен бизнис, компанијата денес вработува околу 620 лица – дипломирани фармацевти, фармацевтски техничари, економисти, правници и друг персонал. Во изминатите 25 години компанијата ја градела својата позиција преку систематска работа, вложување во човечки ресурси и создавање мрежа од современи аптеки со отворен пристап, професионална грижа и континуирана едукација на фармацевтите. Во последните пет години, „Еурофарм“ редовно се наоѓа помеѓу 100-те најголеми компании во Македонија.

„Горда сум што она што почна како мала, семејна и искрена идеја, денес е национален бренд на кој му го доверуваат здравјето илјадници граѓани. Нашиот раст никогаш не бил случаен, туку резултат на јасна визија, долгогодишна работа и посветеност на тимот составен од исклучителни професионалци“, изјави м-р спец. фарм. Татјана Стерјева, сопственичка и генерална менаџерка на „Еурофарм“ ДООЕЛ и една од првите основачи на ланецот аптеки „Еурофарм“.

Татјана Стерјева, сопственичка и генерална менаџерка на „Еурофарм“, вели дека е горда што станале бренд на кој илјадници граѓани му го доверуваат здравјето (Фото: Еурофарм)

Во изминатите години компанијата вложи значителни средства во развој на продажната мрежа, модернизација на капацитетите за складирање, унапредување на дистрибуцијата и во континуирана едукација и професионален развој на фармацевтите и останатиот кадар.

„Нашата најголема инвестиција секогаш биле луѓето – фармацевтите, фармацевтските техничари и сите професионалци кои го создаваат ‘Еурофарм‘. Верувам дека квалитетна услуга може да се понуди само ако континуирано се вложува во знаење, стандарди и услови за работа“, додава Стерјева.

Паралелно со одбележувањето на јубилејот, „Еурофарм“ најавува нов значаен проект: изградба на нова, современа веледрогерија, дизајнирана по највисоките светски стандарди во логистика, автоматизација и безбедност при дистрибуција на лекови. Новиот објект ќе претставува клучен чекор во следната фаза од развојот на компанијата, со цел подигнување на ефикасноста, проширување на капацитетите и обезбедување уште повисок квалитет и достапност на лекови и фармацевтски производи.

„Иднината ја гледам како продолжување на успешната приказна на ‘Еурофарм‘, но со нова енергија. Ќе инвестираме во дигитални услуги, модерни фармацевтски решенија, образование на фармацевтите и во уште попристапни аптеки. Но, најважно, ќе продолжиме да бидеме човечки бренд. Свесна сум дека здравството се менува, технологијата се менува, но довербата останува најважна. Нашата мисија за следните 10 години е многу едноставна: секој пациент да се чувствува сигурно, разбрано и поддржано“, вели Стерјева.

Тргнувајќи од тоа дека успехот што го остварува компанијата има вистинско значење само ако е споделен со заедницата, „Еурофарм“ во континуитет во изминатите две и пол децении реализираше бројни општествено одговорни иницијативи и проекти за поддршка на заедницата, од донации во образовни и здравствени институции, до поддршка на спортски, едукативни и културни програми. Во 2023, компанијата ја доби и Националната награда за општествено одговорна практика за проектот „Семејно здравје“.

 

*Комерцијален текст