Франција е најпосетена земја за минатата година со 102 милиони туристи. Франција можеби е синоним за сирење, вино и Ајфелова кула, но нејзината привлечност е многу поголема.
Од кафулињата покрај Сена, уметничките музеи во Париз и суровите карпи на Нормандија, Франција ги спојува уметноста, храната, историјата и природата на начин на кој малку места можат да се пофалат.
Светот забележа 1,47 милијарди меѓународни туристички пристигнувања во 2025, што е импресивно зголемување од 12,4% во однос на претходната година.
Шпанија е на второто место по посети со 93.8 милиони, 72.4 милиони ја посетиле Америка, 60.6 милиони биле во Турција, 57.7 милиони во Италија, a 45 милиони во Мексико. Велика Британија е на седмото место со 42.6 милиони, 37.5 милиони биле во Германија, 36.9 милиони во Јапонија, а Грција е најмалку посетена земја според Светската туристичка организација со 36 милиони туристи.