ФРАНЦУСКИОТ ДИЏЕЈ ХУГЕЛ СО СВЕТСКО ШОУ ГИ РАЗИГРА СКОПЈАНКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Францускиот диџеј Хугел ги разигра скопјанки и направи светско шоу на неговиот настап во салата „Борис Трајковски“ вчера (13 март). Главно женска, млада публика се забавуваше на музиката на диџејот од Марсеј, кој стана светски популарен.

„Го живеам својот живот како да е ова мој последен ден на земјата“ е една од пораките Хугел која се пушти за време на неговиот сет. Дел од публиката, како и на неговиот настап лани во на стадионот „Билјанини извори“ Охрид беше на самата сцена, веднаш до него, и тоа она по што е препознатлив и популарен.

Фото: СМАРТ.СДК.МК

Публиката во Скопје ја препозна неговата среќа додека е на сцената и насмеани фанови си заминуваа од салата пеејќи ги неговите хитови, на кои танцуваат млади на Ибица, каде што Хугел е чест гостин. Најголемата забава, очекувано беше на хитот Те обожавам“ (I Adore You) кој има над 159 милиони прегледи на јутјуб.

Хугел почна да пушта музика на 16 години. Инспириран од „Дафт Панк“, Карл Кокс и Лоран Гарние, тој брзо развил страст кон електронската музика. Денес има над милијарда преслушувања на дигиталните платформи и милионски прегледи на социјалните мрежи. Настапот го организираше продукцијата „Прагма“.

М. ЏАРОВСКА