Вечерва (24 јули) од 21 часот, во паркот кај ОУ „Васил Главинов“ во Велес, концерт ќе одржи гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска, насловен „Балканско патување“. Концертот е дел од содржините на Велешко лето.
На концертот ќе настапат и Милена Гиевска-Андоновска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело.
Програмата нуди нов музички поглед кон балканското културно наследство, со традиционални мелодии од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Црна Гора, БиХ и Турција.
П. ПЕЧКОВ